19.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Гвардиола не очекувал неговиот тим да добие ваква шанса сезонава во Премиер лигата

Манчестер сити утре ќе биде домаќин на Арсенал во мечот на двете екипи кои се борат за титулата во Премиер лигата. Арсенал е лидер со 75 бода од 32 меча, додека Сити досега освои 70 бода од 30 средби, што значи дека Граѓаните имаат пет бода помалку, но и два меча плус за играње, во кои имаат шест бода на располагање.

Арсенал нареди три нерешени средби во низа, па токму затоа Сити е во позиција да биде во пол-позиција за титулата, иако моментално е втор на табелата. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, знае дека ова ќе биде многу важен дуел за титулата, но потенцира дека не значи дека е клучен за тоа кој ќе биде шампион на крајот.

„По начинот на кој Арсенал играше во првите 19 кола во првенството, тешко беше да се замислиме дека ќе дојдеме да бидеме во ваква позиција и шанса. Сега треба да продолжиме да се бориме. Сами одлучуваме, но тоа важи и за Арсенал. Сепак, ако победиме на дуелот против нив, дефинитивно ние ќе ја имаме судбината во нашите раце. Ова ќе биде многу важен натпревар, но сепак не можам да кажам дека ќе биде решавачки затоа што до крајот на сезоната двата тима ги чекаат уште многу тешки дуели“, вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести