Гвардиола не се предава: Сè уште имаме надеж за титулата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го изрази своето разочарување по ремито 1-1 со Вест Хем кое го оддалечи неговиот тим од трката за титулата во Премиер лигата, но уште верува дека Граѓаните може да бидат шампиони.

Сити сега заостанува девет бода зад лидерот Арсенал, но нема да се откаже без борба, особено што имаат и еден меч помалку од Топчиите со кои треба да играат дома на 19-ти април. Сега има голема пауза, следните премиерлигашки мечеви на Арсенал и Манчестер сити се на 11-ти односно 12-ти април.

„Премиер лигата е исклучително тешка. Вест Хем се бранеше многу длабоко и организирано. Тешко е да се најде простор кога десет играчи се во шеснаесетникот. Се обидовме со сè – низ центарот, по крилните позиции, но денес топката едноставно не влезе во игра по втор пат. Дали сè уште веруваме во титулата? Да, сè уште имаме надеж за титулата. Ќе се бориме до крај. Математички, сè е можно, но мора да бидеме реални – заостануваме и не можеме да си дозволиме повеќе грешки“, рече Гвардиола.

Шпанецот го истакна и недостатокот на вообичаената ефикасност во нападот.

„Морам да признаам дека оваа сезона ни недостасува конзистентноста што ја имавме во претходните години. Во минатото лесно победувавме во вакви натпревари, но сега ни е потешко да го разбиеме противникот. Ни недостасува тој ритам во нападот што порано нè правеше немилосрдни“, додаде тој.

Досега само еден тим станал првак на Премиер лигата после минус од 9 бодови зад лидерот, а да биле поминати барем 30 кола. Тоа е Манчестер сити во 2013/2014. 

- Оглас -

Најнови вести