Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата по победата во Белград, доби прашање кое го изненади. Новинарите ги интересираше дали е вистина дека во минатото имал понуда да игра за Црвена ѕвезда, како што се пишуваше деновиве во најавите пред мечот.
„Не се сеќавам дека сум имал понуда да дојдам да играм тука“, одговори зачудениот Гвардиола.
Овој стручњак не можеше да се сети ни на снимката од пред 6 години во која му дава совет на Мика Хамилтон, кој тогаш беше едно од децата кои ги собираат топките крај аут-линиите, а вечерва даде гол.