Гвардиола: Не сме ние лоши, но Ливерпул е фантастичен

Манчестер сити денеска повторно се врати на победите. По два порази во низа, „граѓаните“ славеа против Саутемптон со 3:1 и стигнаа до 45 бода сезонава, што е доволно за второто место на табелата. Актуелниот шампион заостанува седум бода зад лидерот Ливерпул. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е задоволен од досега оствареното и вели дека причината поради која не се лидери е тоа што Ливерпул игра мномгу добро.

„Ако еден тим освои 100 бода и стане шампион, а потоа во следната полусезона има 45 бодови, тоа не може да биде лошо. Меѓутоа, проблемот е тоа што Ливерпул игра фантастично. Моментно тие се во топ форма. Можеби се најдобриот тим во Европа и светот. Тоа мора да го прифатиме, а наше е да ја играме нашата игра и потоа ќе видиме како ќе заврши“, рече Гвардиола.

Токму во следното коло, односно првото во 2019 година, Сити ќе биде домаќин на Ливерпул, во меч кој може многу да реши во трката за титулата во Англија.

„Беше важно да го победиме Саутемптон и да ја прекинеме серијата порази. Играчите одиграа како што се договоривме и немаше проблем“, додаде Гвардиола, кој сега ќе треба да смисли тактика како да го сопре Ливерпул, тимот кој е единствен без пораз во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести