Гвардиола: Не сме први, ама тука сме!

После победата на Манчестер сити над Шефилд јунајтед од 2-0, Граѓаните новата година ќе ја дочекаат во позитивно расположение, тврди менаџерот Пеп Гвардиола, кој верува дека неговиот тим повторно може да ја освои Премиер лигата.

„Не е лесно да се игра против тим кој се брани толку длабоко. Немавме многу простор, моравме да играме со многу нафрлувања, а без Халанд во тимот, тешко беше. Сакавме победа за крај на годината. Го имаме моментумот, важно е што не примивме гол и што ни се врати Кевин Де Бројне. Не сме први на табелата, Ливерпул е пред нас, но имавме повреди, освоивме светско клупско, тука сме. Сега ќе одмориме малку, јануари не е толку напорен како ноември и декември, добро ќе ни дојде одморот“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести