Гвардиола: Нема да дојде крај на светот ако не се пласираме во ЛШ

Менaџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги сподели своите очекувања за претстојното гостување на неговиот тим против Нотингем Форест. Доколку Граѓаните победат, ќе го прескокнат ривалот на табелата и ќе направат чекор напред кон остварување на својата главна цел за остатокот од сезоната.

„Ако се наоѓаш на третото место со уште 11 кола до крајот, тоа значи дека си одиграл навистина одлична сезона. Нотингем Форест се одличен тим, добро се бранат, компактни се, агресивни, силни во воздушните дуели и опасни во транзициите. Нивната офанзивна четворка, Хадсон-Одои, Еланга, Гибс-Вајт и Вуд, создава многу шанси, а покрај тоа имаат и квалитетен голман, искусни дефанзивци и физички силен среден ред. Андерсон исто така е фантастичен играч“, изјави Гвардиола.

Тој истакна дека во големите клубови секогаш има притисок, но оваа сезона ситуацијата е поразлична.

„Не се бориме за титулата, но се бориме за пласман во Топ 4. Утре имаме можност да напредуваме на табелата и да се доближиме до таа цел. Пласманот во Лигата на шампионите е клучен, а за него конкурираат многу тимови. Ако не успееме, нема да биде крај на светот – тоа ќе значи дека не сме биле доволно добри, а другите заслужиле повеќе. Ситуацијата не е идеална, но сѐ уште зависи од нас и ќе се бориме до крај“, додаде Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести