Гвардиола: Нема да гледам Ливерпул-Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, нема намера да го гледа големото англиско дерби од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Двобојот на најтрофејните англиски клубови е еден од најатрактивните во сезоната во англискиот фудбал, но не и за стручњакот кој ги води „граѓаните”.

Во моментов, на Сити единствената цел му е да осигури место меѓу првите четири и да обезбеди место во Лигата на шампионите. За одбрана на титулата не ни помислува.

„Многу сме далеку, никој не може да го запре Ливерпул на патот до титулата. Толку многу сме далеку што не ме интересира да гледам што прави Ливерпул. Загубивме многу поени, примивме многу голови, не победуваме на сите мечеви. Фудбалот е игра на резултати. Задоволен сум што се бориме, но реалноста е друга. Ливерпул доби 20 од 21 меча и води во сите рангирања во светот. За нас најдобро е да се фокусираме на Вилфред Заха и Кристал Палас, а потоа да мислиме на Шефилд” – вели Гвардиола.

Сити заостанува 14 бода зад Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести