1.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Гвардиола: Нема да победиме против Арсенал во шампионската трка, ако не ја подобриме играта

Манчестер сити го совлада Вест хем со 3-0 во дуелот од 17-тото коло на англиската Премиер лига. Оваа победа времено го искачи тимот на првото место на табелата пред натпреварот на Арсенал, меѓутоа Топчиите со минималниот триумф (0-1) над Евертон потоа се вратија на врвот.

Менаџерот Пеп Гвардиола, го коментираше настапот на својот тим и истакна дека е задоволен од последните резултати во првенството и во Лигата на шампионите, но изрази сериозна критика за квалитетот на играта.

„Одлично е да сме во оваа позиција, но ви велам: нема да победиме против Арсенал во шампионската трка, ако не ја подобриме играта. Сегашното ниво нема да биде доволно и искрено верувам во тоа“, изјави Гвардиола.

Тој нагласи дека Манчестер сити се подобрувал на секој натпревар, но очекува уште поголем напредок.

„Среќен сум што сме во добра позиција во Премиер лигата, а исто така и во Лигата на шампионите. Близу сме до врвот. Тимот се подобрува со секој натпревар, се брани поинаку. А нападот зависи од структурата на противникот. Сепак, знам дека овој тим може уште подобро“, додаде тој.

„Не ја контролиравме топката доволно добро и затоа не успеваме во многу работи. Не сме во најдобрите позиции за да ги пробиеме линиите и да го направиме следниот потег. Проблемот е што играчите не се доволно храбри да го сторат тоа. Но, ќе се подобриме, бидејќи играме отворено. Имаме фантастичен тим и ќе се обидеме да го постигнеме тоа“, заклучи Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести