2.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Гвардиола нема дилеми: „Тие се најдобрата екипа во светот“

Манчестер сити има заостанување од седум бода позади Арсенал во Премиер лигата, а „топчиите“ се лидери и во Лигата на шампионите со максимални седум победи од седум натпревари.

„Граѓаните“ попладнево го пречекуваат „фенерџијата“, па со евентуална победа ќе чекаат кикс на Арсенал во дербито против Манчестер јунајтед. Токму формата на Арсенал беше едно од прашањата кои ги доби Пеп Гвардиола на официјалната прес-конференција пред мечот против Вулверхемптон.

„Апсолутно. Тие се најдобрата екипа во светот. Победуваат во Премиер лигата, во Лигата на шампионите, Лига купот и ФА купот. Арсенал во моментов е најдобрата екипа и се надевам дека ќе можеме да бидеме блиску до нив, да напредуваме и да ни дадат барем една шанса да ги стигнеме.“ – рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести