Гвардиола: Невозможно е повторно да освоиме тројна круна

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека неговиот тим нема да го повтори успехот од минатата сезона, кога освои тројна круна. Граѓаните доминираа во претходната сезона и во своите витрини ги доведоа трофеите од Лигата на шампионите, ФА купот и Премиер лигата.

Тоа е само вторпат во историјата еден англиски клуб да освои тројна круна во една сезона, повторувајќи го успехот од легендарната генерација на Манчестер јунајтед од 1999 година.

„Тоа се случува еднаш во животот. Невозможно е тоа да се повтори. Го достигнавме врвот минатата сезона. Спремни сме да се бориме и во новата сезона“, рече Гвардиола.

Сити веќе испушти еден трофеј во новата сезона, откако во првиот меч во Комјунити шилд загуби на пенали од Арсенал и остана без очекуваниот трофеј од Супер купот на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести