Гвардиола: Ни остануваат девет финалиња за да обезбедиме пласман во ЛШ

Пеп Гвардиола и Манчестер сити се најдоа во неочекувана ситуација, во која мораат очајнички да се борат за место во Лигата на шампионите следната сезона. Менаџерот не ги штедеше зборовите, опишувајќи го големиот предизвик што претстои.

Сити загуби два бода со домашното реми 2-2 против Брајтон, по што падна на петтото место во Премиер лигата, на девет кола до крајот на сезоната.

„До крај ќе биде вака. Имаме девет натпревари, девет финалиња“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити не успеа да се справи со Брајтон, кој беше поблиску до победа.

„Секогаш сум оптимист. Јас сум мајстор во тоа. Знам дека ќе биде тешко“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести