Гвардиола: Ние не сме Ливерпул, не знаеме да го правиме тоа

Манчестер сити вчера на Лестер му даде шест гола, од кои дури четири во првите 25 минути од натпреварот, а тренерот Пеп Гвардиола вели дека си има свои методи на напад и не може да го имитира Ливерпул или други тимови коишто играат ефикасно.

„Ние не може да напаѓаме брзо, не сме Ливерпул. Тие се мајстори за тоа, ние не сме. Ние знаеме што треба да правиме, а тоа е да ја држиме топката постојано во наши нозе и да се движиме“, изјави Гвардиола.

Многумина го критикуваат Гвардиола за стилот на игра, но додека тоа му дава резултати, нема да го менува.

„Трпеливоста не значи мрзеливост и играње бавен фудбал. Тоа е топка, ако ја имате во посед, може да ја контролирате играта, тоа носи стабилност. Немате сигурност и стабилност ако притискате со висок пресинг, ако се браните на 40 метри или ако се обидувате со долги топки да ја прескокнете средината“, смета Шпанецот.

- Оглас -

Најнови вести