Гвардиола објасни зошто англискиот шампион не купи замена за Хулијан Алварез

Менaџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, објасни зошто Граѓаните нема да ангажираат нов офанзивен играч како замена за Хулијан Алварез, кој прејде во Атлетико Мадрид. Гвардиола истакна дека преферира да им даде шанса на играчите кои моментно ги има во тимот.

„Задоволен сум од тимот. Не очекувавме Хулијан да замине, иако тој разговараше со други клубови подолго време, па постоеше можност тоа да се случи. Ќе имаме проблем ако се соочиме со многу повреди, но по неколку месеци треба да се врати Оскар Боб. На напаѓачките позиции можат да играат и Фил Фоден, Гундоган, Бернардо, Мекати. Тие се различни играчи од Ерлинг Халанд, секако. Можеби грешам, не знам, но не сакам играчите да останат без минутажа подолго време. Секогаш е подобро кога сите добиваат шанса да играат. Го познавам тимот и знам колку се сериозни професионалци. Речиси сме сигурни во нашата одлука, но сепак ќе почекаме да покаже времето“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити го брани шампинскиот трофеј во Англија, а сигурно е еден од фаворитите и во новото издание на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести