Гвардиола објасни зошто е оптимист дека сезонава може да ја освојат ЛШ

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека оваа сезона неговиот тим има добри шанси да ја освои Лигата на шампионите затоа што во споредба со минатото, сега играле подобро во одбрана.

„Причината што немаме освоено титула во Европа е што примавме многу голови. Дававме четири гола против Реал Мадрид, шест против Монако и четири против Тотенхем. Не испаѓавме затоа што не можевме да даваме голови. Сега мислам дека момците се бранат многу добро”, изјави Гвардиола.

Неодминлива тема беше и неговиот потег да го извади Ерлинг Халанд на половина час пред крајот на средбата, во ситуација кога Норвежанецот имаше шанса да испише историја и да стане првиот што дал шест гола на еден меч во ЛШ.

„Ерлинг беше одличен, даде пет гола за 60 минути. Тој е фантастичен човек, огромен талент, роден победник, многу е добар. Добро се сеќавам дека и Меси даде пет гола, но Халанд тоа го направи за 60 минути, што не беше случај со Лео. Ерлинг е млад, ова може да му биде екстра причина и мотивација да го урне рекордот“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести