Гвардиола објасни зошто ја промени тактиката по која е познат и која е невообичаена за мечеви во ЛШ (Видео)

Ред Бул Лајпциг и Манчестер сити одиграа 1:1 во првото осминафинале во Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа и една интересна одлука на менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола.

Гвардиола, кој е познат како тренер кој често комбинира со составот, на дуелот против Лајпциг не направи ниту една измена и сите 90 минути ги одигра со 11-мина играчи.

Тренерот на Лајпциг пак го искористи правото на пет измени за да го освежи тимот и неговите фудбалери беа подобри во финишот од натпреварот, кога пропуштија одлучна шанса и да победат.

„Јас сум тренер и играм како што сакам. Моја е одлуката дали ќе направам измена или не. Јас сум толку добар тренер што можам да одлучам дали ќе го сторам тоа или не. Тоа е едноставно, бев задоволен од тоа што го видов на теренот“, рече меѓу другото Гвардиола на прес-конференцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести