Гвардиола: Очекувавте на „Олд Трафорд“ да победиме со 7-0?

Пеп Гвардиола беше задоволен од победата на Манчестер сити од 3-1 на гостувањето кај Манчестер јунајтед, но предупреди дека мора да бидат внимателни на реваншот на 29 јануари.

„Дадовме супер гол за 1-0 и потоа игравме навистина добро до крајот на првото полувреме. Во вториот дел имавме проблем да ја задржиме топката. Не е одлучен патникот во финалето. Тие се Јунајтед, знаат да даваат голови, но се надевам дека ние ќе одиме понатаму. Задоволен сум од резултатот, па игравме на гости против Јунајтед. Што очекувавте, победа од 7-0? Ние загубивме од нив во декември. Ќе повторам, не е завршено. Лани тие загубија дома од ПСЖ во Лигата на шампионите, а потоа победија во Париз. Тие носат дрес кој има многу историја и гордост“, рече Гвардиола по завршувањето на мечот.

За Гвардиола ова синоќа беше 150-та победа на клупата на Сити во сите натпреварувања, а тимот го водеше по 207-ми пат. Интересно е тоа што со Барселона својата 150-та победа ја имаше речиси по еднаков број одиграни мечеви, 208.

Од последните 12 порази на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, четири се во градските дербија со Сити.

 

- Оглас -

Најнови вести