Гвардиола од дома порача: По ова ќе бидеме посилни, а малку и подебели (Видео)

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој минатата недела донираше 1 милион евра помош за борбата со Коронавирусот во Шпанија, ги повика фановите да останат дома за време на пандемијата и да ги почитуваат препораките на властите.

„Фудбалот ни недостасува. Исто така и животот кој го имавме претходно, но сега е момент да слушаме, да ги следиме препораките на лекарите и медицинските сестри. Вие сте моето фудбалско семејство. Ќе се вратиме од ова посилни, подобри и…малку подебели. Останете дома, останете на безбедно“, порача Гвардиола.

https://twitter.com/i/status/1244625683336302595

- Оглас -

Најнови вести