Гвардиола одби да зборува за Клоп: „Нема да ја играм таа игра“

Манчестер сити во недела на домашен терен го пречекува лидерот на премиерлигашката табела, Ливерпул. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, се појави на официјалната прес-конференција и одговараше на прашањата на новинарите, а едно од тие прашања според него беше провокативно.

Прашањето на новинарот беше дали е подобар Ливерпул на Клоп или Ливерпул на Слот, а Каталонецот одби да одговори.

„Нема да ја играм таа игра. Знам што сакате да постигнете, но премногу го почитувам Јирген. Нема да одговорам на тоа прашање.“ – рече Гвардиола.

Јирген Клоп беше тренер на Ливерпул девет години, во кои освои по една титула во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести