Манчестер сити го победи Фулам со 3-2 во Премиер лигата, а Пеп Гвардиола повторно ја искористи приликата и на прес-конференцијата ја нападна ФИФА за новото Светско клупско првенство.
Од светската куќа на фудбалот објавија дека екипите ќе мора да настапат со најсилните состави, но со тоа не се согласува Пеп Гвардиола.
„Против Фулам способни за игра беа сите освен Аке, Родри, Де Брујне и Боб. Де Брујне не е повикан во репрезентацијата? Ако не може да игра за нас, зошто би одел со репрезентацијата? Тоа никогаш не го сфатив. Ако не може да игра за нас, значи не може ниту за Белгија. ФИФА? Кои се тие најдобрите фудбалери? Можеби ФИФА може да ми каже кои се најдобрите фудбалери. Не разбирам. Ќе ја понесам целата екипа, бидејќи се игра повеќе од еден натпревар и мора да имаме ротација. Најдобрите играчи можеби нема да играат, бидејќи се заморни.“ – рече Гвардиола.
Новиот формат на Светското клупско првенство предвидува учество на 32 екипи од целоит свет. Ќе се одржува во 11 градови во САД, од 15-ти јуни до 13-ти јули следната година.