Гвардиола откри која е најголемата мана на Халанд

Ерлинг Халанд е незадржлив во Премиер лигата. Фудбалерот кој само во осум меча постигна три хет-трика, беше вистински лидер на Манчестер сити во градското дерби против Јунајтед.

Халанд освен тоа што даде три гола, имаше и две асистенции, што значи дека директно учествуваше во пет од шесте погодоци на Граѓаните во убедливиот триумф од 6:3. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од триумфот, но откри една работа што не ја сака кај Халанд.

„Во еден разговор ми рече дека сака да има пет допири со топка за да постигне пет голови. Тоа не ми се допаѓа кај него. Јас сакам тој да биде вклучен во што е можно повеќе акции, а така беше сега против Јунајтед. Халанд има фантастичен талент и постигнува погодоци на неверојатно лесен начин“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести