Гвардиола откри: „Мојата врата во Барселона е затворена!“

Пеп Гвардиола најави дека на крајот од актуелниот договор со Манчестер сити си заминува од „Етихад“, иако вратата за продолжување на договорот сè уште е отворена. Каталонецот доби новинарско прашање, дали вратата во Барселона му е затворена.

„Да, мојата врата во Барселона е затворена“, кратко одговори Гвардиола.

Доколку на крајот си замине од Манчестер сити, постојат три сценарија за неговата кариера. Првото е дека ќе паузира од фудбалот, втората дека ќе се пресели во МЛС-лигата, и тоа како тренер на Њујорк, и третата и најмалку веројатна дека ќе се врати на клупата на Барселона.

Гвардиола со екипите на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити освои се што можеше да се освои, а само трипати во 16-те години тренерска кариера не успеа да биде шампион на земјата каде работеше.

- Оглас -

Најнови вести