Манчестер сити е екипа во која има голем број ѕвезди, но привилегијата да биде капитен ја добива само еден, а тоа е Бернардо Силва. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, верува дека Бернардо е вистинскиот играч да ја носи капитенската лента на теренот, а шпанскиот стратег ја објасни својата одлука.
„Зошто го одбрав Бернардо да биде капитен? Него го одбрав поради една причина. Минатата сезона, кога бевме во големи проблеми, тој беше еден од оние кои секогаш беа тука кога беше најпотребно“, рече Гвардиола.
Минатата сезона капитен на Сити беше Кајл Вокер, кој потоа направи трансфер во Милан. На местото на Вокер, капитенската лента му припадна на Кевин де Бројне, но и тој летово го напушти тимот, па дојде ред за Бернардо да биде лидер на теренот кога игра Сити.
Искусниот 31-годишен португалски репрезентативец во дресот на Сити е од 2017 година и досега има одиграно над 400 натпревари, а постигнал 73 гола.