7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Гвардиола: Ова беше еден од нашите најдобри мечеви сезонава

Манчестер сити без многу проблеми, со 3:0 го победи Фулам и сега дојде само на три бода зад лидерот Арсенал, кој вечерва гостува кај Брентфорд. Граѓаните против Фулам одиграа фуриозно прво полувреме, во кое ги постигнаа сите три гола, а потоа рутински во вториот дел ја сочуваа предноста.

Тренеро Пеп Гвардиола по подолго време беше задоволен и од играта и од резултатот.

„Ова беше еден од најшите најдобро одиграни мечеви. Посебно беше важен затоа што дојде по исцрпувачката пресметка на „Енфилд роуд“ против Ливерпул. Следниот меч во првенството исто така е многу битен. Имаме среќа бидејќи ќе го играме на свој терен, но прво треба да се фокусираме и на Куп пресметката против Салфорд. Пред нас е многу тежок распоред и мора да ги чуваме силите“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести