Гвардиола: Ова е лекција дека никогаш не треба да се предаваме

Манчестер сити е нов лидер во Премиер лигата. Актуелниот англиски првак синоќа со 2-0 го победи Евертон на гости и на тој начин се израмни со Ливерпул со по 62 бода, но е прв поради подобрата гол-разлика. Сепак, Ливерпул има меч помалку, што значи дека гигантот од „Енфилд роуд“ повторно може да дојде до врвот.

„Граѓаните“ до победа на „Гудисон парк“ стигнаа со погодоци дадени во судиското надополнување на двете полувремиња. Најпрво погодија во 45+2, а вториот гол го дадоа во 97-мата минута од мечот. Тренерот Пеп Гвардиола вели дека ова е лекција за тоа како никогаш не треба да се предаваат.

„Само пред еден месец можевме да заостануваме 10 бода доколку загубевме од Ливерпул. Пред неколку дена бевме на седум бода заостанување, а сега сме лидери. Ова е добра лекција за сите спортисти, за тоа како никогаш не треба да се откажувате“, рече задоволниот Гвардиола.

Шпанскиот стратег сепак потенцираше дека има уште 12 меча да се играат до крајот и дека трката за титулата уште е отворена.

- Оглас -

Најнови вести