Гвардиола: „Ова што се случува не е хумано, играчите мора да почнат да одбиваат да играат“

Манчстер сити го освои трофејот од Суперкупот на Европа откако дури по изведувањето на пеналите ја совлада Севиља со 5-4. По натпреварот, тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, имаше свој коментар околу густиот распоред и големиот број повреди во сите европски екипи.

„Во мојата прва претсезона (во Барселона н. з.) имав 25 дена да се подготвам за првиот официјален натпревар против Сконто Рига во квалификациите за Лигата на шампионите, која на крајот и ја освоивме. Сега ви даваат четири или пет дена, па сега погледнете колку има повредени играчи, посебно со вкрстените лигаменти. Ве тераат да одите во Азија, во САД, тоа се тешки натпревари, дерби. Играчите паѓаат и ќе паѓаат бидејќи шоуто мора да продолжи. Ако го нема Куртоа, ќе биде некој друг, така? И Милитао ако го нема, тогаш ќе биде некој друг. Ако го нема Кевин де Бројне, тогаш ќе биде некој друг. Ова е изгубена битка, освен ако играчите не се здружат и да кажат дека вака веќе не сакаат да играат. Ова е изгубена битка, УЕФА и ФИФА нема ништо да преземат“, вели Гвардиола.

Манчестер сити веќе в сабота игра важен натпревар од Премиер лигата против Њукасл на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести