Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека да се запре Арсенал оваа сезона изгледа „речиси невозможно“, иако титулата во Премиер лигата секако нема да биде решен во ноември.
Манчестер сити утре го пречекува актуелниот шампион Ливерпул во дербито на ова коло, натпревар кој е од големо значење за двата тима во обидот да го одржат притисокот врз лидерот на табелата, составот на Арсенал.
„Ако продолжат да играат вака, ако не примаат голови и не дозволуваат шанси пред својот гол… Боже, ќе биде речиси невозможно, но се надеваме дека ние ќе бидеме подобри, а тие ќе направат грешки. Сè што треба да правиме е да ги добиваме нашите натпревари и да бидеме блиску до нив“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стратег истакна дека, иако Ливерпул ќе дојде подготвен, сезоната е долга и многу нешта можат да се случат.
„Извонредно е она што го прават последните две-три сезони. Но сепак сме на почетокот на ноември, и никој не ја освојува титулата сега. Некој може да ја загуби, но нема кој да ја добие.“

