Манчестер сити со победата од 0-2 на гостувањето кај Фулам го потврди пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона. Граѓаните оваа сезона се мачеа на резултатски план, едно време беа далеку и од Лигата на шампионите, но на крајот третото место на табелата им донесе пласман во елитното натпреварување.
Со оглед на сезоната која ја имаа, за Пеп Гвардиола и ова е голем успех.
„Многу сум горд на фудбалерите. Завршивме на третото место, со мало заостанување зад Арсенал, но разликата со Ливерпул е огромна. Треба да се подобриме. Сепак, ова е среќен ден, пласманот во Лигата на шампионите за нас е како да сме ја освоиле титулата“, рече Пеп Гвардиола по победата над Фулам.