6.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Гвардиола: Плативме многу пари за него, а Гехи не смее да игра во финалето?

Манчестер сити ќе се обиде да ја убеди Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) да ги промени правилата на Лига купот за да може нивниот нов фудбалер Марк Гехи да настапи во финалето. Менаџерот Пеп Гвардиола изрази големо незадоволство поради фактот што стоперот, платен 20 милиони фунти, нема право на настап против Арсенал на „Вембли“ на 22 март.

Шефот на Сити откри дека веќе побарал од раководството на клубот да им се обрати на надлежните за да му се дозволи на англискиот репрезентативец да игра. Проблемот настанал поради едно специфично правило.

Правилата сезонава беа изменети така што играч може да настапи за два различни клуба во иста сезона од куп-натпреварувањето. На пример: Антоан Семењо настапи за Сити во двата полуфинални дуела против Њукасл, иако штотуку пристигна во клубот.

Сепак, Семењо го потпиша договорот пред првиот натпревар на „Сент Џејмс парк“, додека Гехи пристигна по таа победа од 2-0. Поради тоа немаше право на настап во реваншот, а според важечките правила – ниту во финалето.

„Се надеваме дека Марк ќе може да игра во финалето. Плаќаш многу пари за играч, а потоа не можеш да го користиш. Не разбирам зошто не можеме да го користиме во финалето. Се надевам дека ќе успееме да ги убедиме. Понекогаш е тешко да се разбере. Јасно е дека Марк не можеше да игра во реваншот бидејќи не беше регистриран за првиот натпревар. Но, сега е финале, зошто да не може да игра? Зошто? Му даваме плата, тој е наш играч. Тоа е логично“, изјави Гвардиола.

Гвардиола најави и дека Манчестер сити ќе испрати официјално писмо.

„Ќе напишеме допис и се надеваме дека ќе сфатат дека не може да игра поради правило што не го разбирам. Се надевам дека можат да го променат за да добие шанса.“

Сепак, тој не е оптимист. На прашањето дали мисли дека правилото ќе се смени, Каталонецот одговори:

„Не. Да се смени правило во оваа земја? Нема шанси. Но, ќе се обидеме.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести