Манчестер сити во сабота го пречекува Њукасл на домашен терен, а евентуална победа може да ги донесе на само минус два бода од лидерот Арсенал. „Топчиите“ одиграа две нерешени средби, па сега борбата за титулата во Премиер лигата ќе биде и тоа како интересна, но Пеп Гвардиола вели дека во моментов го интересира само Њукасл.
„Дванаесет натпревари се многу. Единствената работа што ме интересира во моментов е Њукасл. Разбирам дека како новинари сакате да предвидите што ќе се случи, но тоа нема значење. Само Њукасл е важен, тоа е сè. Само Њукасл, Њукасл, Њукасл. Не ме интересира табелата ниту нашата позиција. Остануваат 12 натпревари – тоа е цела вечност. Ако ми го поставите ова прашање два или три кола пред крајот, ќе ви одговорам. Сега е прерано.“ – рече Каталонецот на официјалната прес-конференција пред мечот против „страчките“.

