Гвардиола по победата на Сити: Ова е големо олеснување за нас, сепак титулата е многу далеку од нас

Манчестер сити го победи Лестер на гости со 2:0 што е само втора победа за англискиот првак во последните два месеци, односно во последните 14 средби одиграни во сите натпреварувања.

Овој меч беше јубилеен 500-ти за Пеп Гвардиола како тренер на Манчестер сити и шпанскиот стратег е среќен што неговиот тим токму денеска победи.

„Ни требаше оваа победа. Не се претставивме најдобро, но да се надеваме дека со победите ќе успееме да се прикажеме во подобро светло. Победата беше важна и бидејќи второто полувреме беше многу изедначено и тешко. Немавме енергија да ги одиграме сите 90 минути на високо ниво, но се надеваме дека во новата година ќе можеме подобро да одговориме. Сега сме во ситуација кога резултатите се најважни и единствено ни е да освоиме бодови. Денес работите испаднаа добро и ни олесна. Тоа е зборот што најдобро може да се опише како се чувствуваме. Добро е што победивме, но тешко е да може да се надеваме дека ќе се бориме за титулата“, изјави Гвардиола по победата над Лестер.

- Оглас -

Најнови вести