18.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Гвардиола по ремито против Арсенал: „Разочаран сум!“

Манчестер сити беше блиску до гостинска победа над Арсенал, но Мартинели со гол во 93-тата минута спаси бод за „топчиите“. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, на официјалната прес-конференција истакна дека е разочаран од резултатот.

„Разочаран сум од резултатот. Бевме неверојатно добри. Позади нас е тешка седмица. Тешко е да се игра во ваков ритам. Противникот беше многу добар, па резултатот на крај е најреален. Оваа екипа мора да расте, имаме многу нови играчи, вклучително и голманот. Ова е млада екипа, никогаш не сме биле помлади. Мора да одиме чекор по чекор.“ – рече Гвардиола.

Манчестер сити по пет првенствени кола е на деветтата позиција во Премиер лигата со седум поени.

- Оглас -

Најнови вести