3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Гвардиола полн оптимизам: Сити дефинитивно може да ја освои титулата

Манчестер сити продолжува со одличните резултати откако со 2:1 го победи Њукасл во меч од 27 коло на Премиер лигата. Со оваа победа Сити стигна до 56 бодови, само два помалку од лидерот Арсенал.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е во одлично расположение. Шпанскиот стратег најавува дека Граѓаните се со реални шанси да се борат за освојување на титулата оваа сезона во Премиер лигата.

„Дефинитивно можеме да ја освоиме титулата. Секогаш верувавме дека може да победуваме. Сега треба да продолжиме во овој ритам. Посебно ни беше потребна оваа победа на домашен терен. До крајот на првенството имаме уште пет меча пред своите навивачи и потребно ни е да ја имаме оваа енергија од навивачите. Секогаш на фудбалерите им велам дека сме должни кон навивачите и треба да играме најдобро што можеме“, вели Гвардиола.

Арсенал денеска игра дерби дуел против Тотенхем на гостински терен во дербито на Северен Лондон.

- Оглас -

Најнови вести