Гвардиола порача: Одиме во Лондон за да го освоиме трофејот

Манчестер сити сезонава ја има најлошата сезона откако на клупата е дојден Пеп Гвардиола, но уште има шанса да ја заврши со освоен пеха. Граѓаните утре ќе играат во финалето на ФА Купот, а противник ќе им биде Кристал палас.

Според звучноста на екипите и фудбалерите со кои располагаат, Сити ја има фаворитската улога. Тренерот Пеп Гвардиола вели дека пред почетокот на сезоната, во главните планови не било освојување на трофејот во ФА Купот, но како се одвиваше сезоната, сега тоа е главен фокус.

„Ни остана само трката за трофејот во ФА Купот. Секако дека сакаме да го освоиме пехарот. За нас е многу важно да победиме во финалето, посебно затоа што минатата сезона го загубивме финалето и бевме многу разочарани. Знам дека овојпат ќе бидеме подобри. Одиме во Лондон да го освоиме пехарот“, рече шпанскиот стратег на клупата на Сити.

- Оглас -

Најнови вести