Гвардиола после големиот пресврт: „Со оглед на околностите, можевме да бидеме и подоле на табелата“

Манчестер сити е блиску до бласман во Лигата на шампионите, откако направи голем пресврт и после негативата од 0-2 успеа да се врати и да победи со 5-2 против Кристал палас. „Граѓаните“ се далеку од борбата за титулата оваа сезона, па Пеп Гвардиола вели дека со оглед на околностите, нивниот пласман е одличен, иако би требало да бидат уште некое место подоле на табелата.

„Со оглед на неверојатните ситуации во кои се најдовме оваа сезона, посебно со повредите, требаше да бидеме многу пониско на табелата. Во ред, ова не е совршен резултат, но имаме шанси да се пласираме во Лигата на шампионите во последните шест кола. Неизмерно сум му благодарен на Кевин де Бројне и знам што може тој да му донесе на тимот. Среќен сум што ни помага. Тој е многу паметен со топката, плус дава голови и асистира. Многу ни помогна да го добиеме овој натпревар. Никој не може да го повтори тоа што го прави Кевин. Одигравме многу добар натпревар од првата до последната минута. Создадовме многу шанси и на полувремето им кажав на момците дека играме добро. Со оглед на тоа дека губевме со 0-2 и знаејќи како се покажа Кристал палас на последните натпревари, одигравме многу добар меч.“ – рече Пеп Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести