Пеп Гвардиола по многу нешта е уникатен тренер. Стратегот на Манчестер сити денеска го предводеше својот тим до победа од 1:0 на гостувањето кај Брентфорд, триумф што имаше посебно значење за шпанскиот стратег.
За Гвардиола ова беше 250 победа во Премиер лигата како тренер и тоа во рекордно време. На Шпанецот му беа потребни 359 мечеви како предводник на Сити за да стигне до 250 победи. Тоа е дури 55 меча помалку од досегашниот рекорд што го држеше легендарниот Сер Алекс Фергусон кој до 250 победи со Манчестер јунајтед стигна на 404 натпревари. Трет на оваа листа сега е Арсен Венгер кој со Арсенал стигна до 250 победи во 423 средби.
„Секако дека ми значи овој подвиг. Мило ми е што сум во друштво со Сер Алекс Фергусон и со Арсен Венгер. Би ги поканил нив двајца на вечера. Можеби не во Манчестер, на некое место со повеќе сонце. Не, би било тоа во Манчестер. Чест ми е што сум дел од историјата на Премиер лигата. Ајде да направиме уште 250 плус победи“, рече Гвардиола.