19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Гвардиола потврди дека против Топчиите нема да игра еден од клучните играчи

Манчестер сити ќе биде без Кевин де Брујне на утрешното дерби против Арсенал, потврди тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола. Де Брујне се повреди за време на репрезентативните обврски, на дуелот меѓу Белгија и Англија.

„Повредата не е сериозна но Кевин ќе го пропушти мечот против Арсенал“, откри Гвардиола. Оваа вест сигурно ќе донесе дополнителен мотив кај гостите кои од 2015 година чекаат да се израдуваат на победа на теренот на Манчестер сити.

По четири одиграни кола Арсенал има собрано девет бодови, додека Сити освои само четири бода во три одиграни натпревари, па сигурно дека двата тима имаат свои мотиви за да стигнат до трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести