Гвардиола пред финалето со Јунајтед: „Не треба да се плашат, ние сме добри соседи“

Манчестер сити и Манчестер јунајтед ќе играат во големото финале на ФА купот на 3 јуни на „Вембли“. Страстите во Манчестер веќе се подгреваат пред градското дерби во финалето, но фановите на Јунајтед се плашат дека Сити ќе го направи она што го направија тие во 1999 година, тројна круна со титули во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите, и сето „ќе им го удрат од нос“.

Пеп Гвардиола на ваквото прашање кратко одговори: „Не треба да се плашат, ние сме добри соседи. Соседите секогаш се добри еден кон друг.“

Сепак, оваа изјава на Гвардиола е повеќе на шега, а потоа ја спушти топката:

„Сè уште сме далеку од овие титули и не е добро да се зборува за тоа. Во овие шест години откако сум во Сити, губевме во завршниците на натпреварувањата, во финалето на Лигата на шампионите и во полуфиналето од ФА купот. Сепак, горд сум на сè што јас и моите соработници направивме. Секако, освоивме Премиер лига. Да не беше така, веројатно некој друг тренер ќе беше пред вас.“

- Оглас -

Најнови вести