Гвардиола: „Премногу ме боли Газа, ова нема врска со идеологија“

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го доби почесниот докторат на Универзитетот во Манчестер, а во таа прилика одржа говор пред присутните. Една од темите на која зборуваше Каталонецот беше и војната на Блискиот Исток, односно во Газа.

„Премногу ме боли она што го гледам во Газа. Го повредува и моето тело. Не се работи за идеологија. Не е работата дали јас сум во право или не. Се работи за љубовта кон животот, за грижата кон својот сосед. Можеби мислиме дека не е наш проблем тоа што гледаме како бомба убива дете од четири години или како ги убива во болница. Бидете внимателни. Следните деца може да бидат нашите. Секое утро, откако овој ноќен кошмар започна, секогаш кога ќе видам бебе во Газа, станувам многу исплашен“, рече Гвардиола.

Каталонецот признанието го доби поради својот придонес кон градот Манчестер, а тука, секако, се бројните титули кои ги освои со Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести