Гвардиола пресмета колку бодови Сити треба да освои за да го одбрани тронот во Премиер лигата

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат утре, со мечеви 25 коло. Шампионот Манчестер сити гостува кај Норвич и е голем фаворит за победа со која ќе ја задржи комотната предност во однос на вториот Ливерпул.

Црвените од „Енфилд роуд“ заостануваат девет бода зад Сити, но имаат и меч плус за играње, што значи дека разликата може да падне на шест бодови. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека не се чувствува сигурен со оваа бодовна разлика и дека до крајот на шампионатот мора да се освојат многу бодови, за да се остане на чело.

„Разликата со Ливерпул не е ништо. Треба многу да победуваме. Да имаме над 90 поени на крајот. Отприлика 95-96 бодови мислам дека ќе бидат доволно за да се биде првак“, вели Гвардиола.

Минатата сезона Сити стана првак со 86 бодови и тоа имаше дури 12 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести