Гвардиола претпочита да продолжи со Сити отколку да биде селектор на Англија

Шпанецот Хосеп Гвардиола кој е менаџер на Манчестер сити од 2016 година наваму, во моментов не е премногу заинтересиран да биде англиски селектор.

Од Фудбалската асоцијација на Англија го контактирале популарниот Пеп со намера да испитаат дали би сакал да биде селектор на земјата во која што работи. Сепак, според англиските медиуми, Гвардиола рамислува да потпише нов договор со Манчестер сити.

Наводно Шпанецот не ја отфрлил можноста за финални разговори со ФА на Англија и селекторувањето во оваа земја е опција за него доколку реши да го напушти клупскиот фудбал пред Светското првенство во 2026 година.

Гвардиола уште не одлучил за својата иднина, одлуката ќе падне по исходот од преговорите со Сити за продолжување на договорот за уште една година.

Актуелниот договор на Гвардиола со премиерлигашкиот шампион истекува на крајот на сезонава. Ако остане до 2026 година, Шпанецот ќе биде на чело на Манчестер сити една деценија.

- Оглас -

Најнови вести