Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо е една од главните трансфер цели на англискиот шампион Манчестер Сити ова лето, пренесува „Мундо Депортиво“.
Олмо се поврзуваше со враќање во Барселона, но каталонскиот гигант не е во поволна финансиска позиција да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра на неговиот сегашен тим Лајпциг.
Интерес за 26-годишниот крилен напаѓач покажуваат и други европски тимови како Пари Сен Жермен и Баерн Минхен, но Сити моментно е фаворит за негов потпис. Пеп Гвардиола инсистира тој да биде доведен во неговиот тим.
Клучен фактор за иднината на шпанскиот фудбалер ќе биде фактот што откупната клаузула во неговиот договор важи до 15 јули.