Гвардиола откри: Доста беше во Сити

Пеп Гвардиола сигурно ќе си замине од Манчестер сити во 2023 година, кога завршува неговиот актуелен договор. Шпанскиот стратег откри дека неговата следна цел ќе биде да седне на репрезентативната клупа, доколку му се даде можност.

Еден од најдобрите тренери на денешницата ја започна шестата сезона како предводник на Сити, што е двојно повеќе од тоа што претходно остана во Баерн Минхен. Првиот клуб на Гвардиола беше Барселона, каде што работеше од 2008 до 2012 година. Во изминативе 15 сезони, Пеп паузираше само една година (сезоната 2012/13), а сега верува дека е дојдено време за нова пауза.

„Следниот мој чекор е националниот тим. Доколку ми се даде можност, сакам да бидам селектор. Морам да земам пауза по седум години во Манчестер сити. Сакам да предводам некоја репрезентација на Европско првенство, или на Светско или на Копа Америка“, откри Гвардиола.

Според овие планови, Гвардиола може да го видиме да биде дел од Европското првенство во 2024 година како селектор на некој национален состав.

 

- Оглас -

Најнови вести