Гвардиола призна: „Сити испушти исклучително квалитен фудбалер во Морган Роџерс“

Манчестер сити вечерва ја пречекува Астон вила во меч од Премиер лигата, но и во директна битка за влез во „петката“, која ќе ја претставува Англија во Лигата на шампионите следната сезона. Едно од прашањата на прес-конференцијата пред мечот беше поврзано за Морган Роџерс, фудбалер кој беше дел од Манчестер сити, но не забележа ниту еден официјален настап, а сега блеска во Астон вила.

„Тој беше дел од втората екипа, а понекогаш тренираше и со нас. Можеше да се види дека има потенцијал, но тоа што го прави во Вила … Каков играч. Навистина исклучителен. Го имавме, но го испуштивме“, рече Гвардиола.

Морган Роџерс како фудбалер на Манчестер сити им беше позајмуван на Линколн, Борнмут и Блекпул, пред да биде продаден на Мидлсборо, а од таму за 15 милиони евра се пресели во Астон вила. Со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Англија и забележа три настапи.

- Оглас -

Најнови вести