Манчестер сити направи чекор наназад во трката за титулата во Премиер лигата откако одигра без голови на гостувањето кај Сандерленд. Со овој меч, Граѓаните имаа осум победи по ред, но нивната низа заврши на тешкото гостување на „Стадионот на светлината“.
Иако за многумина можеби е изненадување, Сандерленд сезонава игра одлично и има само четири порази, а со 29 бода е на седмото место на табелата.
По мечот во Сандерленд, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше разочаран затоа што неговите фудбалери беа неефикасни.
„Не можевме да постигнеме гол ниту од петерецот. Не погодувавме и од позиции од блиску, кои не беа тешки да се реализираат. Едноставно, не можевме да постигнеме гол, а создадовме доволно шанси. На крајот освоивме бод, резултатот е тој што е. Во првото полувреме не одигравме како што сакаме, во вториот дел бевме подобри, но немавме реализација. Сега мора да се фокусираме на тоа што следува, а тоа е тежок меч против Челзи, и тоа само за три дена“, вели Гвардиола.

