20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Гвардиола: Резултатот не е реален, загубивме поради ситници

Манчестер сити одигра разочарувачки прв меч на свој терен во новата сезона во Премиер лигата, откако со 0:2 загуби од Тотенхем. По поразот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола објасни зошто неговиот тим не успеа да освои бодови.

„Имав чувство дека е малку подобро отколку што покажува резултатот. Добро почнавме, примивме гол што можеше да се случи, но направивме премногу грешки во едноставни работи. Со квалитетот што го имаме, неприфатливо е да ја губиме топката толку многу пати. Страдавме во транзициите, а кога го постигнаа вториот гол кон крајот на полувремето, стана тешко. Едноставно грешките кои ги направивме многу нѐ чинеа“, рече Гвардиола.

Стратегот на Сити потенцираше дека судијата требало да досуди пенал за Граѓаните, а во нападот неговите фудбалери промашиле неколку добри шанси.

По две кола, Сити има победа и пораз, а Гвардиола најави дека е можно до крајот на преодниот рок да биде доведен нов фудбалер во екипата.

- Оглас -

Најнови вести