Гвардиола сака да пазари кај сензацијата во Ла Лига, но има опасна конкуренција

Фудбалерите на Жирона се вистински хит во Европа, по 16 кола се наоѓаат на лидерската позиција на табелата со само еден пораз и го свртеа вниманието на гигантите кои уште во зимскиот преоден рок ќе се обидат да ги ангажираат.

Актуелниот европски и англиски шампион Манчестер сити е во потрага во квалитетно решение за левата бековска позиција и прва желба на менаџерот Хосеп Гвардиола е играчот на Жирона, Мигел Гутиерез, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Голем проблем во реализирацијата на трансферот ќе претставува Реал Мадрид кој поседува 50 отсто од правата на Гутиерез.

Едно од решенијата е Жирона за осум милиони евра да го откупи делот на Реал Мадрид за осум милиони евра и потоа да го продаде на Сити. Но, за ова се прашува и Реал кој исто така може да истата сума да го откупи договорот од Жирона.

Според „Спорт“, Манчестер сити е свесен за оваа ситуација и за зимскиот преоден рок подготви понуда тешка 35 милиони евра, а сумата по половина би ја поделиле двата шпански тима.

- Оглас -

Најнови вести