Гвардиола: Сакам да бидам селектор и да водам репрезентација на Светско првенство

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече дека би сакал еден ден да води национален тим на Светско првенство.

„Како што сум кажал повеќе пати и порано, би сакал кога ќе завршам со ангажманот во Сити, да бидам селектор на репрезентација, и да играме на Светско првенство. Но, не е лесно да се најде работа во национален тим, има малку опции. Желба ми е да бидам селектор, но ако не успеам, тогаш нема проблем, би продолжил да бидам тренер на тимови во клупскиот фудбал“ – вели Шпанецот, кој во Англија не би работел во друг клуб освен кај Граѓаните на чија клупа седи шест години.

„Во Англија, би работел само во Манчестер сити. Никогаш нема да прифатам да водам друг англиски клуб. Сакам да останам тука што е можно подолго, но ќе видиме што носи иднината. Животот ги диктира нештата, не верував дека ќе останам во Сити толку долго“ – додава еден од најтрофејните тренери во историјата.

- Оглас -

Најнови вести