Најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, беше „наместен“ да влезе во жестоки дуели и провокации против Евертон во минатото коло, а менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, разговарал со Норвежанецот околу контролата на емоциите, но не сака Ерлинг да се воздржува вечерва на „Стемфорд бриџ“ на дербито со Челзи.
„Ми се допаѓа покажувањето емоции. Треба да се игра со голема страст. Тоа е неопходно. Повеќе го претпочитам тоа отколку да нема емоција. Ерлинг ќе има битка со цврсти момци како Кулибали и Тијаго Силва, затоа Премиер лигата е толку посебна“, изјави Гвардиола.