Пеп Гвардиола се најде пред медиумите пред денешниот четвртфинален дуел од ФА купот против Ливерпул, и повторно вниманието беше на прашањето за неговата иднина во Манчестер сити.
Шпанецот одговори кратко, но со јасна самоувереност: „Многу пати сум зборувал за тоа…“
„Ливерпул секогаш бил нашиот голем ривал. Направија сериозни инвестиции минатата сезона и нивниот тим ќе биде силен уште долго време. Играчите се од највисоката класа, секогаш конкуренти за Лигата на шампионите. За нас е предизвик да се претставиме како против Арсенал и да направиме уште еден чекор напред“, истакна Гвардиола.
Стратегот на Граѓаните додаде дека и покрај желбата да се фокусираат на Лигата на шампионите, каде доживеаја елиминација, главниот приоритет сега е дуелот со Ливерпул и борбата за врвот во Премиер лигата.
Гвардиола не пропушти да го истакне и Мохамед Салах, кој ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.
„Еден од најголемите. Неверојатни бројки, континуитет, сѐ тоа што го постигна. Легенда за Ливерпул, но и за Премиер лигата. Заслужува огромно признание.“

