Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кажа кои тимови од Премиер лигата напаѓаат во мечевите против неговите Граѓани.
„Арсенал, Брајтон и Ливерпул напаѓаат против нас. Исто така и Астон вила и Лидс. Можеби ние придонесуваме за тоа, но повеќето противници се бранат. Не велам дека тоа е погрешно, секој тренер си има тактика и секој тим може да прави што мисли дека е најдобро за него“, изјави Гвардиола.